Хурем Султан го освојува и Холивуд
- Детали
- понеделник, 04 февруари 2013
Хурем Султан од серијата Сулејман Величенствениот, турската глумица Мејрем Узерли, тргнува во поход кон Холивуд. Поточно, била забележана од американски агенти кои упорно се обидуваат да и најдат соодветна улога за да ја промовираат и во САД.
„Поласкана сум и среќна што ме забележале и надвор од Турција. Израснав во Германија и многу лошо зборував турски, но сепак ме одбраа за улогата на Хурем. Англискиот ми оди совршено, па со тоа сигурно нема да имам никакви проблеми во Холивуд“, изјавила Мејрем, додавајќи дека споредбите со Кејт Винслет и Дру Баримор и тоа како и одговараат.
Инаку, како што претходно беше објавено дека се здебелила 10 килограми за текот на празниците, сега се шпекулира дека ќе мора да плати казна од 20.000 евра заради договорот кој го потпишала. Во него било јасно наведено дека не смее во никој случај драстично да ја менува килажата или изгледот.