Прекрасни модели родени како мажи
- Детали
- петок, 11 јануари 2013
Светот на модата постојано изненадува, а последното нешто што разви многу дискусии се токму мажите модели кои се позгодни од многу жени низ светот.
Некои од најпознатите машки модели кои гордо шетаат по пистите како жени се следниве:
- Caroline Cossey, родена како Barry Kenneth Cossey. Тој е еден од светски најпознатите трансексуалци. Насловната страница на Плејбој имаше чест да го има токму него во 1991 година. Се бореше за правото да биде светски признат како жена, појавувајќи се во еден од Џејмс Бонд филмовите.
- Roberta Close, родена како Luiz Roberto Gambine Moreira. Тој е најпознатата бразилска жена трансексуалец, која во 20тите години беше прогласена на Мис Геј на Бразил и ја освои титулата за најдобар светски модел.
- Isis King, родена како Darrell Walls е првата жена трансексуалец која се натпреварувала во шоуто "America's Next Top Model".
- Lea T, родена како Leandro Cerezo е уште една жена трансексуалец која се придружила во светската индустрија на модата.
- Andrej Pejić е најновиот машки модел кој со своите способности да носи и машки и женски креации, се проби низ целиот свет. Кој би помислил дека е маж покрај долгата руса коса и полните усни.