Ева Лонгорија секси во долна облека (фото)
- Детали
- понеделник, 03 декември 2012
Нејзините атрибути ги запознавме преку серијата Очајни домаќинки, но на фотките за новото издание на мексиканското списание GQ, Ева изгледа подобро од било кога.
Таа позирала со пуштена коса и долна облека, а делува и далеку помлада. Скромната актерка открива и дека изгледот не и е се во животот и дека не би сакала луѓето да ја гледаат низ нејзините облини.
„Се чувствувам поласкано кога некој ми кажува дека сум секси. Сепак, се надевам дека луѓето кои ме сметаат за убавица, знаат дека многу работам и како хуманитарец и како политички активист“ – открива актерката која во текот на кампањата за време на американските избори за претседател беше во првите редови на претседателот Обама.