Манго ја замени Кејт Мос со Миранда Кер
- Детали
- понеделник, 26 ноември 2012
Откако тимот на шпанскиот бред се решил за едно големо освежување, пред само неколку дена тоа и се случи - Миранда Кер е одбрана за ново заштитно лице на Манго.
Во текот на претстојната 2013 година Миранда ќе ги рекламира парчињата облека кои ќе бидат дел од колекцијата пролет\лето.
„Мило ми е што ќе ги рекламирам колекциите за пролет\лето од Манго. Имавме многу време за да го направиме каталогот. Текот на снимањето беше одличен. Прекрасно е да се работи со овој тим. Што да кажам повеќе, Манго е брендот кој го обожавам. Секогаш наоѓам совршени парчиња облека, за било која пригода,” е изјавата на Миранда за нејзината најнова соработка.
Снимањето се одржа во Њујорк пред само неколку дена и вклучуваше голем број познати фотографи, шминкери и стилисти. Крајниот производ од оваа фотосесија ќе имаме можност да ја погледнеме за неколку месеци, заедно со најновата колекција.