Дру Баримор стана мајка за прв пат
- Детали
- вторник, 02 октомври 2012
Постои нов ангел во животот на Дру Баримор. Актерката и нејзиниот сопруг Вил Копелман добија ќеркичка, Олив Баримор Копелман минатата среда.
Двојката објави изјава во која стои дека нивното првородено дете е “здраво, среќно и со радост дочекано од целото семејтсво.”
Баримор и Копелман се венчаа на 2 јуни во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија, а потоа заминаа на меден месец во Биг Сур, Калифорнија.
Само пред неколку недели Баримор, 37, вежбаше јога и се шеташе насекаде во очекување на раѓањето на нејзината Олив.
Ѕвездата на Чарлиевите ангели на Tonight Show порано оваа година (пред светот да знае дека е бремена) изјави дека дефинитивно сака да има семејство со Копелман. “Ќе започнеме со едно,” изјави таа. “Ќе видиме како ќе биде и дали ќе бидеме благословени…тоа би било прекрасно.”
Сега за сега, добро им оди!