И тие некогаш беа пар...
- Детали
- вторник, 25 септември 2012
Се сеќавате ли на почетокот од 2000-тите години?
Парис Хилтон беше популарна, бој-бендовите се распаѓаа и згодните ѕвезди беа во врски кои денес прават да се смееме. Потсетете се на заборавените двојки од 2000тите.
Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс
Нам ни е тешко да заборавиме една од најголемите врски во 2000тите помеѓу Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс, но луѓето сепак забораваат. Но, ако Џејмс Гарнер беше тука, тој ќе ви кажеше дека тие се забавуваа две години и се разделија во 2007ма и потоа се обидоа уште еднаш во 2008ма пред конечно да стават крај. Таа е сега со Мајкл Шин, него го поврзуваат со Ева Мендез, а преубавата плантажа од “The Notebook” беше искористена за свадбата на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс. Се е уништено!
Орландо Блум и Кејт Босворт
Орландо Блум и Кејт Босворт раскинаа по тригодишна врска во 2005та, а како виновник за раскинувањето беше наведена нивната презафатеност. Тие направија неколку обиди за повторно распалување на пламенот меѓу нив, но се беше завршено во 2006. Години подоцна Босворт изјави дека болката од раскинувањето и предизикувала вртоглавици, но сега Блум е оженет со Миранда Кер и Босворт е верена со режисерот Мајкл Полиш. Веројатно сега има вртоглавица од среќа наместо од тага.
Меколи Калкин и Мила Кунис
Тој можеби сега е сам дома, се дрогира или не, во зависност од тоа во што верувате, но од 2003та до 2010та Меколи Калкин ја имаше Мила Кунис покрај него за да го задржи во рамнотежа. “Ние израснавме заедно,” изјави таа пред да се разделат. “Наоѓаш некоја потпора во својот живот и тоа е се што ти е потребно. Ние имаме наши подеми и падови, но се снаоѓаме низ нив.” Таа сега е голема ѕвезда, се плетка со нејзиниот стар познаник Ештон Качер, додека тој е негде надвор и бара нова потпора.
Адам Броди и Рејчел Билсон
Најдобар доказ дека раните 2000тити години се веќе одамна зад нас е шоуто “The O.C.” и неговата екипа со која никој не знае што се случува. Америка се вљуби во екипата кога ѕвездите на шоуто Адам Броди и Рејчел Билсон започнаа вистинска врска за време на првата сезона во 2003та. Тие беа вљубени најдобри другари и дури посвоија и питбул териер заедно пред да се разделат во 2006та. Оттогаш, таа има климава врска со Хајден Кристенсен, а тој некаде шета заедно со питбул териерот.
Парис Хилтон и Ник Картер
Една работа што не’ недостигаше во тие години беше хидроген, се додека Парис Хилтон и Ник Картер не се појавија заедно на сцена и ја искористија целата светска залиха на нивните глави. Седумте месеци додека излегуваа во 2004та беа преполни со обвинувања за неверства и секаква драма. Сега изгледа лудо, но тогаш тие беа навистина голем бум. Осум години подоцна тој се уште е Backstreet маж, а таа е престара за да биде Парис Хилтон.
Хајди Клум и Ентони Киедис
Четири дена по разделбата со нејзиниот сопруг и фризер Рик Пипино во 2002, Хајди Клум се појави во Сиднеј, Австралија со фронтменот на Red Hot Chili Peppers - Ентони Киедис. Тоа беше кратка врска и веќе во 2003та таа беше бремена со ќерката од Флавио Бријаторе. Тогаш го запозна Сил и се беше совршено. Па добро, барем некое време.
Ештон Качер и Џануари Џонс
Џануари Џонс не беше позната во 2000та кога беше во врска со Ештон Качер кој стана славен поради “That 70’s show”. Ако беше до него, таа би била непозната засекогаш. “Тој не го поддржуваше моето глумење,” изјави Џонс за GQ во 2009. “Велеше нешто како ‘Мислам дека не си доволно добра за да бидеш дел од ова.’” Па сега ѕвездата од “Mad Men” е навистина добра во ова, а Ештон е се уште просечен, но барем се забавува со Мила Кунис. Тоа е добро.
Џесика Алба и Марк Волберг
Ништо не вели “одличен старт на врска” подобро од сплеткување на Нова Година, но токму тоа се случи со Џесика Алба и Марк Волберг, кои се сплеткаа во Shore Club во Мајами Бич, Флорида кога часовникот отчука полноќ на 31 декември 2003 година. Кога помина дејството на шампањот, помина и романсата. Тој беше на пауза од врската со Реа Дурам, која сега му е сопруга и мајка на неговите четири деца, а таа го има Кеш Ворен и две деца, па можеби ќе се дружат заедно на игралиште некој ден.
Арон Картер и Хилари Даф
Имаше драма во светот на тинејџерите на почетокот на новиот милениум кога Арон Картер беше во врска со Хилари Даф, а потоа веднаш ја замени за лошата девојка Линдзи Лохан во 2003та. Потоа повторно се смири со Даф, за потоа да ја изневери со нејзината најдобра другарка. Тој подоцна престојуваше на рехабилитација (многу повеќе во стил на Линдзи), а Хилари сега е жешка холивудска мајка, која го роди своето прво дете, синчето Лука, со сопругот Мајк Комри во март оваа година.
Жизел Бундшен и Леонардо ди Каприо
Кога Жизел Бундшен и Леонардо ди Каприо започнаа врска во 2001година, веројатно започнало вака: “Еј, ти си жешка. Јас сум жежок. Немаме друг избор освен да бидеме заедно.” Тие издржаа навистина долго според холивудскиот стандард и дури имаше и гласини за свршувачка во 2004, но двојката се раздели во 2005та. Три години подоцна, Жизел беше забележана во Малибу на шопинг со мајката на Лео, што потврдува дека Жизел се навраќа на минатото повеќе и од Бенџамин Батон.
Бредли Купер и Џенифер Еспозито
Четири месечниот брак на Бредли Купер и Џенифер Еспозито заврши во 2007ма затоа што, како што Купер изјави на гостување кај Хауард Стерн “Едноставно не беше како што треба. Тоа е интересно...некои работи се случуваат!” Тој изјави дека нема да се откаже од бракот како заедница, но не успеа да го постави судбоносното прашање на Рене Зелвегер, Зое Салдана или било која девојка со која се забавуваше оттогаш па наваму. Веројатно и Еспозито не е загреана за брак, бидејќи ја откажа свршувачката со тениската ѕвезда Марк Филипусис во 2010.
Николас Кејџ и Лиза Мари Присли
Николас Кејџ беше голем фан на Елвис, така што имаше логика тоа што се ожени со Лиза Мари Присли во 2002 година. Дали тоа има смисла? Навистина не. Тие го сфатија тоа 4 месеци подоцна кога се разведоа. “Жал ми е за ова, но ние воопшто не требаше да се венчаме. Тоа беше голема грешка” изјави таа преку нејзиниот публицист. Да бидеме фер, таа штотуку имаше раскинато со Мајкл Џексон, а тој е Николас Кејџ.
Натали Портман и Гаел Гарсија Бернал
Сега кога таа го има Бенџамин под рака и бебето Алеф во количка, тешко е да се сетиме дека Натали Портман имаше врски и пред “Black Swan”. Но, од 2003 до 2004, Портман беше во врска со Гаел Гарсија Бернал, мексикански актер кој таа го запозна додека работеше на независен филм во 2003. Тие се обидоа повторно девет месеци по раскинувањето, но беше безуспешно.