Фронтменот на Green Day: Не сум ви јас Џастин Бибер!
- Детали
- вторник, 25 септември 2012
Били Џо Армстронг замина на рехабилитација поради злоупотреба на неидентификувани супстанци по испадот на сцената во Лас Вегас минатиот викенд.
Фронтменот на Green Day доживеа тотален крах, вклучувајќи и кршење на гитара на iHeartRadio музчкиот фестивал во Лас Вегас во петокот, откако бил информиран дека настапот на неговиот бенд треба да заврши за една минута.
„Јас не сум е*ениот Џастин Бибер, вие курвини синови!” рече Армстронг. „Мора да се зае*авате!”
На својата веб страница, Green Day објави дека Армстронг побарал помош и дека бендот ќе откаже одредени промотивни настапи. Бендот исто така негираше дека промоторот на фестивалот, Clear Channel, ги натерал да имаат скратен преформанс.
„Ние би сакале сите да знаат дека нашиот сет не беше скратен од страна на Clear Channel и се извинуваме на сите тие што беа навредени на фестивалот iHeartRadio во Лас Вегас”, стои во изјавата на бендот.
Армстронг во распоредот има и гостување како ментор во шоуто на НБЦ “The Voice”. Портпаролката за мрежата не одговори веднаш на прашањата за тоа како неговиот распоред на третмани ќе влијае на тие гостувања.
Погледнете го видеото: