Џенифер Анистон е трудна?

dzenifer-aniston-e-trudna

Актерката сè уште не се огласила за веридбата и наводната бременост, но нејзината мајка се радува што ќе стане баба, пренесуваат американски медиуми.

Џенифер Анистон и актерот Џастин Теро неодамна се верија, и покрај кусото соопштение дека се пресреќни, во јавноста не објавија детали за свадбата и за идниот заеднички живот.

Американските медиуми пишуваат дека Џенифер е трудна, а тој трач дојде од нејзината мајка Ненси Доу, со која актерката не е во добри односи подолго време.

„Ненси на сите им раскажа дека Џенифер е трудна, и пресреќна е што ќе стане баба“, вели извор близок на Доу.

На врвот на актерската кариера на Џенифер, Доу даде едно компромитирачко интервју и подоцна животот на Џенифер го опиша во книгата „Од мајката и ќерката до `Пријатели`: Мемоари“.

Анистон тогаш рече дека мајка и станала `последна честичка болест` во нејзиниот живот и не ја покани на венчавката со Бред Пит во 2000 година.

Двете ги изгладија односите минатата година кога Ненси доживеа мозочен удар.

29.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg