Роберт Дауни Џр повреден на снимањето на Ајронмен 3
- Детали
- петок, 17 август 2012
Актерот Роберт Дауни Џуниор го повредил зглобот на снимањето на третиот дел од серијалот Iron Man, па снимањето е одложено на неодредено време, соопшти во петокот Marvel Studios.
Четириесет иседумгодишниот Дауни го толкува ликот на Тони Старк, милијардерот плејбој кој се претвора во суперхерој, Актерот претходно се појави во истата улога во 2008 година во првиот „Iron Man“, во 2010 година во „Iron Man 2“ и годинава во „Одмазници“.
„Ќе дојде до краткотрајно одложување на снимањето, додека тој целосно не заздрави“, се вели во соопштението на Marvel Studios.
Инаку Роберт Дауни Џуниор полесно го повредил глуждот при обид да изведе каскадерска акробација.
17.08.2012 (Макфакс)