Снуп Дог го промени името во Снуп Лајон
- Детали
- вторник, 31 јули 2012
Американскиот рапер Снуп Дог по престојот во Јамајка, одлучи своето уметничко име да го промени во Снуп Лајон.
Клавин Бродо, досега познат како Снуп Дог, а отсега како Снуп Лајон, реши да се „унапреди“ откако некое време помина во Јамајка, каде ја откри својата растафаријанска природа.
Дополнителен резултат на неговата посета на овој егозотичен остров е и новиот албум симболично именуван „Reincarnated", којшто е потполно во реге фазон.
„Рапот веќе не е предизвик за мене, ги добив сите можни награди за рап. Ме нарекуваат ’Вујко Снуп’ во рап светот, а кога ќе станеш вујко, тогаш е време да пронајдеш нешто ново, а јас сакам повторно да се чувствувам како дете“, објасува раперот.
31.07.2012 (Макфакс)