Дали Викторија Бекам ќе успее да го врати семејниот мир и да се смири со снаата Никола Пелц?
Конфликтите меѓу мајките на синови и нивните снаи околу љубовта на синот се стари колку и времето и секогаш има коментари и шеги на темата. Иако, се разбира, има многу свекрви и снаи кои одлично се согласуваат и се дури и вистински другарки.
Авторката Мел Фалофилд за магазинот „TheSun“ вели дека и таа била на местото на Николa.
Откри дека пред да се омажи, нејзината свекрва ѝ рекла: „Не чувствувам дека добивам ќерка, туку чувствувам дека губам син“. Дури ѝ спомнала и дека ќе облече црно на венчавката.
Со тек на времето, Мел сфатила дека свекрвата едноставно тагувала што повеќе не е на прво место во животот на нејзиниот син.
И таа, како и Николa, поставила граници.
Сите мали нејзини „победи“ во секојдневниот живот биле начини да покаже дека сега таа е жената која нејзиниот маж ја слуша.
Мел вели дека можеби не е горда на тоа, но било важно да го постави тој принцип рано, инаку секогаш би се правело сè „по волја на свекрвата“.
Таа заклучува дека скоро секоја снаа на крај победува.
Сега, кога нејзиниот син има 18 години, Мел вели дека веќе знае дека кога ќе дојде време да запознае сериозна девојка нема ни да се обиде да се натпреварува со неа.
Вели дека ќе направи сè за да ја прифати, затоа што така барем ќе го задржи синот во својот живот.
А како реагира Викторија? Не е сосема јасно.
Неодамна објави фотографија во корсет кој самата го дизајнирала - истиот оној што Николa го носеше на филмска премиера.
Дали тоа беше порака „и јас можам да го износам одлично“ или, пак, симболично бело знаме за помирување?
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





