Ѕвездата од American Pie изгледа како друга личност, откако се ослободи од алкохолизмот и ослабе (фото)
„Одев на терапија за проблемите, но додека се враќав дома си купував вотка и ја пиев по пат. Сè ми беше испланирано до детаљ.
Постојано ги заменував шишињата алкохол дома за сопругата да не забележи“, има изјавено актерот.
Во 2018-та, актерот првпат отворено прозборе за битката со алкохолизам. На Инстаграм, тој се пофали дека е трезен цела година.
„Првпат пробав да отрезнам пред пет години, кога мојата опсесија со друга и алкохол ми стана претешка. Излезе дека ова е тешко.
Успеав да истуркам цела година трезен. Горд сум на себе. Ако и вие имате проблем, важно е да знаете дека има помош. Немојте да се срамите. Можеме да успееме“, стои во описот на објавата.
Што се однесува до вишокот килограми, актерот вели дека е свесен дека делумно биле и поради неговата зависност.
Притоа, истакнува дека огромна помош му била сопругата, Џени Молен, бидејќи била личност која сака да вежба.
„Во брак сум со многу здрава личност. Џени постојано вежба и се храни многу здраво. И, ова влијае и врз мене.
Џени сака да ги пренесе нејзините здрави навики и на нашите деца и целосно ја поддржувам во тоа“, додава актерот кој има две деца со сопругата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





