Ѕвездата од American Pie изгледа како друга личност, откако се ослободи од алкохолизмот и ослабе (фото)
- Детали
- среда, 23 април 2025
„Одев на психијатар за проблемите, а кога се враќав дома си купував шише вотка и го пиев по пат“, има изјавено Џејсон Бигс за битката со алкохолизмот. Откако се ослободил од пороците и го променил начинот на исхрана, актерот се пофали дека ослабел 18 килограми.
Актерот Џејсон Бигс, најпознат по улогата во American Pie, изгледа како нова личност откако се ослободи од вишокот килограми и ги промени лошите животни навики, како алкохолизам и прејадување со брза храна.
46-годишниот актер неделава присуствуваше на настан во Њујорк каде се пофали дека ослабел дури 18 килограми.
За разлика од повеќето славни кои периодов слабеат со Оземпик, Џејсон вели дека направил драстични промени во животните навики, но и дека бил под многу стрес бидејќи го режирал својот прв филм.
„Делумно удел има тоа што го режирав мојот прв филм. Професионално, никогаш не сум бил под повеќе стрес.
Сега и се хранам поздраво. Претходно јадев само глупости. Возам и велосипед… Немав план да ослабам токму 18 килограми, но сакав да го намалам холестеролот“.
На актерот му била потребна околу година и пол за да си го подобри здравјето, а истакнува и дека уште е трезен.
Тој имаше сериозни проблеми со алкохолизам, но не пие уште од 2017 година.
Минатата година, во подкаст тој откри дека бил алкохоличар кој успевал да го скрие својот проблем од сопругата.
Таа дури била и шокирана кога ѝ кажал дека му треба помош.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





