Скандали од кои Меланија Трамп не може да избега: Работела „на црно“ кога дошла во САД, се фотографираше гола
Гласини дека била ескорт девојка
Во 2016 година, Daily Mail објави текст за кариерата во младоста на Меланија, во кој беше наведено дека таа работела и како ескорт девојка за богаташи во Њујорк.
Иако подоцна британскиот медиум го повлече текстот, Меланија одлучи да ги тужи.
Беше пресудено во нејзина корист и таа доби три милиони долари од медиумот, како и јавно извинување.
„Прифаќаме дека напишаното за госпоѓа Трамп не е точно и го повлекуваме.
Ѝ се извинуваме за секој проблем што ѝ го предизвикавме“, објавија од Daily Mail.
Во Америка работела „на црно“
Меланија пристигнала во САД во 1996 година со туристичка виза.
Но, почнала да работи како модел уште пред да добие дозвола за работа во САД, што значи извесен период престојувала нелегално.
Ова предизвика гнев кај дел од јавноста и повторно се зборува сега бидејќи Трамп драстично ги заостри мерките против нелегалните доселеници и веќе депортира многу луѓе.
Наводно, Меланија добила зелена карта дури пет години откако дошла во САД.
Сепак, таа тврди дека сè било легално и никогаш не работела на црно.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





