Скандали од кои Меланија Трамп не може да избега: Работела „на црно“ кога дошла во САД, се фотографираше гола
- Детали
- недела, 06 април 2025
Поради заострените мерки на Доналд против нелегалните доселеници, јавноста повотрно почна да зборува за шпекулациите дека кога дошла во САД, Меланија неколку години работела на црно, пред да добие документи.
Несомнено, Меланија Трамп е една од поконтроверзните први дами на САД.
Потекнува од Словенија, работела како модел и некои веруваат дека се омажила со Доналд само поради неговите пари.
Уште откако Доналд првпат се кандидира за претседател, американските медиуми почнаа да „копаат“ по минатото на Меланија. И оттогаш од денес, за неа се појавиле бројни скандали.
Дел од најпознатите:
Голата фотосесија
Во младоста, Меланија Трамп работеше како модел, а за моделите не е невообичаено да се фотографираат и голи.
Кога стана прва дама на САД, голите фотки одново се појавија во американските медиуми.
Иако фотосесијата е од 1996 година, голем дел од јавноста сметаше дека фотосесијата не е соодветна за жена со нејзиниот статус.
Потоа „испливаа“ и други разголени фотографии од 2000 година, а овој пат фотосесијата била организирана од Доналд Трамп кој тогаш ѝ беше дечко.
Иако голите фотки оставија дамка на репутацијата на Меланија, таа сепак не се срами од нив.
„Зошто сум горда за моите разголени фотосесии? Бидејќи треба да ги сакаме нашите тела и да ја прифатиме безвремената традиција на користење на уметноста како алатка за изразување“, изјави првата дама минатата година.
Наводно го ископирала говорот на Мишел Обама
За време на првиот мандат на Доналд, Меланија одржа говор на конвенција на републиканската партија.
Но, набрзо некои забележаа дека нејзиниот говор е премногу сличен со говор кој Мишел го одржа во 2008 година.
Бидејќи се соочи со многу критики, се огласи тимот на Меланија кој бил задолжен за говорот.
„Ова беше наша грешка и се чувствуваме ужасно за хаосот што им го предизвикавме на Меланија и семејството Трамп“.
Неколку години подоцна, во своите мемоари, Меланија пишуваше за скандалот:
„Кога мислам на тоа, сфаќам дека премногу сум се потпирала на други за нешто што е толку важно“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





