Луксузни хотели во кои одмораат ѕвездите
- Детали
- понеделник, 19 март 2012
Додека некои ѕвезди како Бијонсе или Парис Хилтон, сакаат да се забавуваат и кога се на одмор, па одбираат популарни хотели каде што се собира...
...светскиот џет-сет, други бегаат од очите на јавноста во сокриени вили во луксузни ризорти.
St. Regis Princeville Resort, Kauai, Hawaii
Најскапиот апартман во хотелот, во кој еднодневен престој чини 4000 долари, букиран е во текот на целата година, а во него најчесто одмараат претставниците на седмата уметност.
Имено на овој хавајски остров снимени с емногу филмови, па многу актери, воодушевени со природата, се враќаат во овој тропски рај. Еден од нив е Џорџ Клуни, кој често е гостин на „St. Regis Princeville Resort“.
Princeville на Хаваи, инаку се смета за еден од најубавите светски дестинации за одмор. Оваа регија ја краси величествена природа, водопади, кањони, клисури и азурно сино море.
The Encore at Wynn, Las Vegas
Прибежиште за ѕвездите кои сакаат возбудлив одмор е хотелот „The Encore at Wynn“ во Лас Вегас, кој официјално е рангиран меѓу најдобрите казино-ризоти во светот. Овде чести гости се Бијонсе, Леонардо Ди Каприо, Парис и Ники Хилтон.
Ресортот се простира на неколку илјади квадратни метри, има повеќе од 4000 соби, па цените се различни. Во стандардните двокреветно соби ноќевање чини од 300 до 800 долари, додека во луксузните апартмани отседнуваат само оние кои што можат да издвојат 7500 долари.
Anantara Phuket Villas, Thailand
Овој хотел, е сокриен во нај зелениот дел на тајландскиот остров Phuket. Во него се одмораат ѕвездите кои сакаат да бидат далеку од очите на јавноста, како моделот Кејт Мос или актерот Кевин Спејси.
Хотелскиот комплекс, кој е изграден во традиционален стил, не го нарушува природниот амбиент, а при уредувањето на собите почитувани се фенг-шуи принципите, за да се постигне попотполн склад. Најубави, воедно и најскапи се вилите сместени во преубавите лагуни. Ноќевање во нив чини 1500 долари.
Geejam, Port Antonio, Jamaica
Ова е дефинитивно најпопуларниот хотел меѓу музичарите, кои на Јамајка доаѓаат во потрага по инспирација, но и по најдобри услови за снимање.
Имено, хотелот поседува еден од најсовремените музички студија, па некои ѕвезди, како Гвен Стефани, не жалат пари за во рајски амбиент да создаваат музика. Најлуксузните вили се сместени во ридовите и опкружени се со бујна шума, однадвор изгледаат рустично, но опремени се со најмодерните уреди кои на гостите им овозможуваат комфорно сместување. Наемнина за еден ден чини од 800 – 1500 долари.
Cabo Azul, Los Cabos, Mexico
Овој огромен хотелски комплекс редовно го посетува Вил Смит со семејството. Иако овде не може да се сочува приватноста бидејќи хотелот „врие“ од гости, актерот е воодушевен од дизајнот и атмосферата која што владее во ова мексиканско летувалиште.
Архитектите се потрудиле да направат единствен комплекс, па традиционалниот стил на градба го комбинирале со елементи од исток.