Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Опседнат е со порнографија, најмил ПР агенција за да ја „уништи“ Блејк Лајвли: Факти за Џастин Балдони

Ја запросил сопругата со бизарно видео

Џастин ја запросил сопругата во 2013 година.

Тогаш не беше популарен, но видеото што го снимил за запросувањето заврши и на Daily Mail.

Џастин снимил видео од 20-тина минути во кое танцува на песна од Бруно Марс, има инсерти од нивната врска, со пријателите пее песна на N’Sync, па танцува на песна од ABBA

Ѝ го покажал видеото на девојка му (сега сопруга) додека таа е во ресторан, а притоа постојано ја снимал нејзината реакција.

И целото запросување гордо го споделил на Јутјуб.

Видеото можете да го погледнете во продолжение:

Чудни брачни завети

Откако Блејк Лајвли ја поднесе тужбата, во јавност исплива видео од венчавката на Џастин и сопругата Емили.

Она што „им падна во око“ на сите е начинот на кој режисерот ги почнува неговите завети – со извинување.

„Ти се извинувам за сè што кажав и направив, а те повреди. Извини за моите грешки, недостатоци, несигурности и моето его“.

Емили, пак, му вели дека ќе била покрај него засекогаш, како и дека е благодарна што е во неговиот живот.

Џастин и сопругата Емили имаат две деца, на возраст од девет и седум години.

opsednat-e-so-pornografija-najmil-pr-agencija-za-da-ja-unishti-blejk-lajvli-fakti-za-dzhastin-baldoni-6.JPG

Му беше одземена награда по тужбата на Блејк

На почетокот од декември, Џастин доби награда од непрофитната организација Vital Voices која се залага за женските права.

Иронично, наградата се доделува на „мажи кои покажуваат храброст и емпатија додека ги застапуваат правата на девојките и жените“.

Сепак, откако Блејк поднесе тужба за сексуално вознемирување, од организацијата ја повлекоа наградата за Џастин.

opsednat-e-so-pornografija-najmil-pr-agencija-za-da-ja-unishti-blejk-lajvli-fakti-za-dzhastin-baldoni-7.JPG

Најмил ПР агенција за да ја уништи Блејк Лајвли

Во тужбата, Блејк истакнува дека Џастин почнал ПР кампања против неа со цел да ѝ ја уништи репутацијата и со тоа да ја заплаши.

Односно, да ја натера да не зборува за неговото однесување и да не поднесува тужби.

Во јавност се појавија и пораки кои наводно се доказ дека Блејк ја зборува вистината.

Имено, Џастин најмил ПР агенција од каде му рекле - „Можеме да закопаме кого било“.

Токму агенцијата почнала да бара по минатото на Блејк и да ја фокусира јавноста на нејзините најголеми пропусти.

Наводно, од агенцијата пишувале и коментари по социјалните мрежи и форуми против Блејк, но на тој начин што изгледале дека се од јавноста.

Иако однесувањето на Блејк во минатото не било најдобро, ПР кампањата на Џастин дефинитивно имала огромно влијание врз нејзината репутација.

opsednat-e-so-pornografija-najmil-pr-agencija-za-da-ja-unishti-blejk-lajvli-fakti-za-dzhastin-baldoni-8.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Бјанка Сенсори со разголените аутфити, аферата на Хју Џекмен: Најскандалозните славни личности во 20... Покрај тужбите против Пи Диди и Џеј Зи, овде се Блејк Лајвли и Џастин Балдони и ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg