Контроверзна венчавка, арогантно однесување: Како Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа најомразениот славен пар?
- Детали
- недела, 22 декември 2024
Се венчаа на поранешна плантажа со робови, и двајцата имале бројни конфликти со колеги, а последно, Рајан ја разгневи јавноста откако изјави дека родителите на Блејк биле од работничка класа, без разлика што биле дел од забавната индустрија и мошне добро ситуирани.
Блејк Лајвли очајно пробува да си го спаси угледот по скандалите поврзани со нејзиниот нов филм It Ends With Us.
А, додека Блејк беше мета на критики, Рајан Рејнолдс уживаше во вниманието поради новиот филм Deadpool & Wolverine.
Сепак, ни уживањето на Рајан не потраја долго бидејќи сега и тој, и Блејк се мета на критики и успеаја да се претворат од омилениот во најомразениот славен пар.
Што се случува периодов со познатиот пар и за што сè им замерува јавноста?
Новата контроверзна изјава на Рајан Рејнолдс
Во неодамнешно интервју за The Hollywood Reporter, Рајан Рејнолдс зборува за неговите четири деца што ги доби со Блејк.
Она што ја разгневи јавноста е тврдењето на Рајан дека и тој и Блејк потекнувале од семејство од „работничката класа“, иако неговата сопруга имала мошне добро ситуирани родители.
„Пробуваме да им овозможиме што е можно понормален живот на нашите деца.
Пробуваме да не им ја прикажеме разликата помеѓу нивното и детството што сме го имале јас и Блејк.
И јас и таа пораснавме во семејство од работничката класа и се сеќавам кога децата ни беа мали, си помислував ’Па јас никогаш сум немал ваков подарок како ете'“.
Додека родителите на Рајан дефинитивно биле од работничката класа, за Блејк никако не може да се каже ова.
Имено, таткото на Блејк бил режисер и актер, додека мајка ѝ била актерка и менаџер за таленти.
И, тие не само што имале пари, туку ја пробиле Блејк во забавната индустрија и ѝ ја подариле кариерата „на тацна“.
На социјалните мрежи, многумина изразија револт кон изјавата на Рајан:
„Мислам дека не знаеш што значи работничка класа“.
„Само затоа што нејзините родители биле вработени, не значи дека се од работничка класа“.
„Треба да се проучи незнаењето на овие двајца“.
Гласини дека ја почнале врската како афера
Блејк и Рајан се запознаа на снимањето на филмот Green Lantern.
Тогаш Рајан беше во брак со Скарлет Јохансон, а Блејк имаше друг дечко.
Тие имаат откриено дека отишле и на двоен состанок со тогашните партнери.
Набрзо потоа, Рајан се разведе и една година подоцна се венча со Блејк.
Имаше безброј гласини дека ја почнале врската како афера, но тие никогаш не ни пробале да ги негираат.
Се венчаа на поранешна плантажа со робови
И свадбата на актерите беше проследена со контроверзии, откако се дозна дека се венчале на поранешна плантажа со робови.
Јавност ги критикуваше бидејќи искористиле место со толку мрачна историја, каде што луѓе биле измачувани и убивани.
Некои истакнуваа дека гестот бил речиси ист како да се венчале во поранешен концентрационен логор.
Во 2020 година, поради многуте критики, тие беа присилени да се извинат.
„Неколку години подоцна, одново се венчавме дома. Направивме огромна грешка“, изјави Рајан.
Блејк, пак, изјави дека биле засрамени бидејќи не се информирале доволно за историјата на местото.