Бен Афлек и Џеј Ло: Славни парови од светот и регионот кои не издржаа до крајот на 2024-та
Харис и Мелина Џиновиќ
На почетокот од годината, Харис Џиновиќ и 30 години помладата сопруга Мелина се разделија.
Имаше разни шпекулации за наводната причина за разводот – од неверство од страна на Мелина, до нарушен однос со години наназад.
Карди Би и Офсет
Карди Би и Офсет се разделуваа и смируваа безброј пати, но годинава пејачката откри дека (конечно) поднела барање за развод.
Истиот ден потврди и дека го очекува третото дете од него.
Хари Стајлс и Тејлор Расел
По една година заедно, Хари и Тејлор се разделија.
Но, тие не откриваа скоро никакви детали за врската, па не е позната ни причината за раскинувањето.
Саша Барон Коен и Ајла Фишер
Уште еден развод за кој се зборуваше наголемо, најмногу бидејќи актерите беа заедно 14 години.
Според нивната изјава, одлуката да се разделат била заедничка, но не се познати други детали.
Спирова С. | Црнобело