Бен Афлек и Џеј Ло: Славни парови од светот и регионот кои не издржаа до крајот на 2024-та
- Детали
- сабота, 30 ноември 2024
Разводот на Бен Афлек и Џеј Ло беше најзборуваниот за годинава, а покрај нив, и неколку регионални парови решија да стават крај на бракот.
2024 година ја одбележаа многу свадби и нови романси, но и многу разделби.
Некои поради афери, некои поради други несогласувања, годинава не недостасуваа разводи од светот на шоу-бизнисот.
Кои врски и бракови не го дочекаа крајот на 2024-та?
Ченинг Тејтум и Зои Кравиц
Ќерката на Лени Кравиц и познатиот актер беа заедно три години, а беа и свршени.
Но, во октомври годинава открија дека ја раскинале свршувачката, но не е познато зошто.
Милан Калиниќ и Сандра
Српскиот водител и актер беше во брак со сопругата Сандра цели 18 години.
Вестите за разделбата беа изненадувачки, бидејќи важеа за еден од најскладните естрадни парови во регионот.
Двајцата не сакат да зборуваат за разводот, па засега не е позната точната причина.
Румер Вилис и Дерек Ричард Томас
Најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур летоска откри дека веќе е сингл мајка.
Таа сподели дека раскинале со партнерот Дерек, но дека е благодарна што заедно ја добиле ќерката Лу.
Џеј Ло и Бен Афлек
Дефинитивно, најзборуваниот развод за 2024 година.
Обединувањето на Џеј Ло и Бен по 20 години беше како од романтичен филм.
Но, по свадбата, издржаа едвај две години заедно, пред да одлучат да се разделат.