Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери)
Стивен Тајлер
Стивен Тајлер не бил во брак кога ја добил ќерка му Лив, но цели 11 години ни таа самата не знаела кој ѝ е татко.
Нејзината мајка одлучила да ја скрие вистината поради развратниот животен стил на пејачот.
Подоцна Лив има изјавено дека е среќна за добриот однос што го изградила со татко ѝ, без разлика што тој не бил овде за неа кога била многу мала.
Арнолд Шварценегер
Денес аферата на Шварценегер со куќната помошничка е една од најпознатите во светот на шоу-бизнисот.
Познатиот актер спиел со куќната помошничка додека беше во брак со бившата сопруга Марија Шривер.
А, извесен период ни самиот не бил свесен дека детето на Марија е всушност негово.
Кога дознал, пробувал да негира но, како што вели самиот, физичката сличност меѓу него и син му е преголема.
Подоцна, во 2011-та, тој сподели и со јавноста дека имам дете од афера.
Лиам Галагер
Пејачот од познатиот бенд Oasis беше во брак со актерката Петси Кенсит кога имаше афера со колешка.
Од аферата тие добиле ќерка, но Лиам не само што ја криеше, туку ја немаше запознато цели 20 години.
Подоцна, додека беше со втората сопруга, тој повторно имаше афера и тогаш брзо се дозна дека добил уште едно вонбрачно дете.
Чак Норис
Во 1960-тите, Чак Норис доби ќерка од афера, додека беше во брак со првата сопруга.
Самиот не ни знаел дека љубовницата останала бремена, а таа, пак, не знаела дека тој бил во брак.
Ќерката на актерот самата го контактирала повеќе од 20 години подоцна и тој веднаш ја прифати како своја.
Спирова С. | Црнобело