Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на актерот
Лиза Мари Присли
Николас Кејџ беше во брак и со ќерката на Елвис Присли – Лиза Мари.
Тие се запознале на забава во 2000 година, а се венчаа две години подоцна.
Но, издржаа заедно само три месеци пред да се разделат.
Во 2003 година, по разводот, актерот изјави дека некогаш се каел за разделбата.
„Тажно е, ми недостасува. Некогаш посакувам да не избрзавме со бракот, но некогаш посакувам да не избрзавме ни со разводот“.
Алис Ким
По разводот со Лиза, во 2004-та Николас ја запознал Алис Ким.
Таа работела како келнерка во ресторан во Лос Анџелес и почнале да се гледаат, без разлика што Ким имала 19, а Николас 40 години.
Јавноста дозна дека се венчале само два месеца откако ја почнаа врската.
Тој период, актерот работеше на филот Lord of War во Јужна Африка, а Ким го придружуваше.
И покрај првичните критики поради возрасната разлика, Николас и Ким беа во брак до 2016 година.
Кога се разделија, актерот изјави дека и самиот бил шокиран од разделбата и воопшто не ја очекувал.
Ерика Коике
Ова е најкраткиот брак на актерот, пократок и од оној со Лиза Мари Присли.
По една година врска, во март 2019-та, Николас се венча со мејкап артистката Ерика.
Но, наводно, Ерика имала криминално досие и проблематично минато – детали што Николас ги дознал по свадбата.
Па, неполни три месеци по венчавката, тој поднесе барање за развод.
Во барањето, тој навел и дека со Ерика биле под дејство на алкохол и не размислувале разумно кога се венчале.
Рико Шибата
Актерот и сегашната сопруга се запознале во Јапонија, а првпат беа забележани заедно на почетокот на 2020 година.
Се венчаа во 2021-ва, а подоцна актерот изјави дека веќе не планира да се разведува. Тој откри и дека ја запросил додека зборувале на видеоповик.
„Јас сум романтичар и кога сум вљубен, сакам да ѝ дадам на партнерката сè што можам.
Сакам да го поминам целиот живот со неа“.
Во 2022 година, Рико и Николас добија и ќерка.
Спирова С. | Црнобело