Блејк Лајвли го освојува Рајан Рејнолдс
- Детали
- понеделник, 27 февруари 2012
Откако ќе ја освоите девојката која ја сакате, следи тежок чекор – освојување на семејството! Но, изгледа дека ова не е проблем за Рајан Рејнолдс...
...кој од минатата есен е во врска со Блејк Лајвли.
Тие неодамна отпатуваа во Њујорк за да се запознае со нејзините радоители, Ерни и Елејн.
Како што тврдат добро упатените, Рајан оставил впечаток на родителите на Блејк:
„Нејзиното семејство го обожава. Сестрата лори веќе го нарекува иден зет. На сите им вели дека Рајан е нивно семејство. Таа е убедена дека Блејк го пронашла вистинскиот.“
Во меѓувреме Рајан навистина се труди околу својата партнерка – изненадувања, романтични вечери, рози низ станот...