Вонбрачно дете, афера со порно актерка – Како се распадна бракот на Дејв Грол, најсаканата рок-ѕвезда?
Дејв самиот откри дека имал вонбрачно дете од афера
На 10-ти септември, со објава на Инстаграм, Дејв Грол откри дека добил вонбрачно дете.
„Неодамна станав татко на ќерка, родена надвор од мојот брак. Планирам за неа да бидам родител кој ќе ја сака и поддржува.
Ги сакам мојата сопруга и моите деца и ќе направам сè што можам за да ја вратам нивната доверба и да ја заработам нивната прошка“, пишува меѓу другото на објавата.
Веројатно имал афера со порно ѕвезда
Кратко по признанието на Дејв, почна да се шпекулира дека тој имал афера со порно актерката Аналис Нилсен.
Самата Аналис изјави дека таа само се дружела со пејачот на многу краток период и дека не е поврзана со сегашниот скандал.
Сепак, извор близок до порно ѕвездата тврди дека тие имале и афера.
„Има фотографии со него… Имаа афера која траеше неколку години. Самата ни кажуваше дека ѝ ги плаќал сметките“.
Постара фотографија од Дејв и порно ѕвездата
Наводно, нивната афера траела 15 години, а според цимерка на Аналис, тие дефинитивно биле повеќе од пријатели.
Имено, таа ги начекала во нивниот стан во 2018 година.
„Очигледно, знаев кој е штом го видов кај нас. Но ми беше многу чудно и се чувствував непријатно бидејќи знам дека има семејство и деца“, вели цимерката.
Дејв засега се нема огласено во врска со порно ѕвездата, додека пак, неговите ќерки си ги деактивираа профилите на социјалните мрежи.
Неодамнешна фотографија од Аналис
Наводно, и сопругата Џордин флертувала со други
Според пријател на Дејв Грол, неговата сопруга Џордин флертувала со нејзиниот тениски тренер.
„Дејв одамна е љубоморен на згодниот тениски тренер на Џордин. Се имаат расправано за него и Дејв смета дека флертуваат.
Џордин му велеше дека е луд штом мисли така, но Дејв си стоеше на своето“.
Сепак, ни Џордин, ни Дејв ни тенисерот се немаат огласено за ова.
Џордин со нејзиниот тренер
Дејв веќе најмил адвокат за развод
Според изворите, пред признанието за аферата, Дејв Грол најмил адвокат за разводи, без разлика што изјави дека ќе бара прошка од сопругата.
Сопругата Џордин, пак, вчера (17.09) беше забележана без нејзиниот прстен и била сигурна дека ќе се разведат бидејќи не може да му прости.
Спирова С. | Црнобело