Добија труење од мувла, ги нарекуваа „бездомници“ – Тажни факти за петте деца на Тори Спелинг
- Детали
- недела, 15 септември 2024
Биле жртви на булинг и претходно, но откако беа објавени фотките на кои се гледа дека живеат во кампер возило, децата на Тори Спелинг станале предмет за потсмев во училиштето. Низ што сѐ мораа да поминат нејзините деца во последните неколку години?
Холивудската актерка Тори Спелинг (51) последните неколку години привлекува внимание заради финансиските проблеми со коишто се соочува по разводот со сопругот Дин Мекдермот.
Иако татко ѝ Арон Спелинг, беше еден од најпознатите филмски продуценти во Холивуд, тој по смртта ѝ остави само 800.000 долари, пари што во никоја смисла не можат да го задоволат нејзиниот луксузен начин на живот на којшто била навикната од мали нозе.
„Лошите шопинг навики тешко се искоренуваат. Искрено, пораснав во богатство. Никогаш не морав да се грижам за пари... Тоа беше мојата реалност“ – рече во една пригода Тори.
Актерката од бракот со Дин доби пет деца, кои заедно со мајка им мораа да поминат низ најразлични препреки, додека таа се навикнуваше на новата реалност дека треба да живее на буџет.
Во продолжение неколку факти што покажуваат дека животот на нејзините деца, воопшто не е лесен:
Уште пред да поднесе документи за развод, во 2020-та година Тори јавно зборуваше за тоа дека нејзините две најстари деца Лиам и Стела се жртви на булинг. Наводно ќерка ѝ била жртва уште од основно образование, па на крај училиштето одлучило да го избрка момчето што ја малтретирало.
Но, приказната на Лиам била поинаква, училиштето немало слух за проблемот, па момчето морало да оди во друго училиште.
Кога Тори поднесе документи за развод, таа побара целосно старателство и алиментација од сопругот, но Дин побара делумно старателство и финансиска поддршка од неа.
Додека двајцата водат судски битки, сигурно е дека на децата не им е лесно. Инаку, сите пет деца се малолетни, со тоа што најстариот син Лиам има 17 години, а најмладото дете има само 7 години.
Децата беа исмејувани затоа што живееја во кампер. Официјално, приказната беше дека Тори и децата живеат во подвижен дом, затоа што нивната куќа има мувла, а неофицијално се знаеше дека актерката мора да ги скрати трошоците.
Таа во својот подкаст misSpelling раскажа дека заради фотографиите на кои се гледа дека живеат во кампер, нејзината најстара ќерка Стела била нарекувана „бездомник“.
„Многу беше засрамена кога децата ја прашувале каде ѝ е кампот и каде ни се наоѓа камперот“ – раскажа Тори во таа пригода.