Добија труење од мувла, ги нарекуваа „бездомници“ – Тажни факти за петте деца на Тори Спелинг

Сите пет деца ѝ добија труење од мувла.

Во 2023-та година Тори раскажа дека на почетокот мислела дека нејзините деца постојано се разболуваат од училиштето.

„Но, кога сфатив дека моите две најмали деца (10 и 6 години) се толку болни што спијат по цел ден, знаев дека се случува нешто друго“ – раскажа Тори.

По ова таа ги однела сите деца на прегледи и било утврдено дека имаат труење од мувла.

dobija-truenje-od-muvla-gi-narekuvaa-bezdomnici-tazhni-fakti-za-pette-deca-na-tori-speling-13-01.jpg

Но, ова не беше крај на проблемите. Во јануари, 2023-та Тори објави дека Стела била во болница откако ѝ била дијагностицирана хемиплегична мигрена, заради која имала силни главоболки на едната страна од мозокот и не ги чувствувала деловите од телото на едната страна.

dobija-truenje-od-muvla-gi-narekuvaa-bezdomnici-tazhni-fakti-za-pette-deca-na-tori-speling-12.jpg

По ова и Лиам мораше да оди на операциja, откако паднал по скалите и 6 недели бил неподвижен.

dobija-truenje-od-muvla-gi-narekuvaa-bezdomnici-tazhni-fakti-za-pette-deca-na-tori-speling-11.jpg

Потоа следеше период на затишје, кога Тори и децата се преселија во изнајмен дом, но и оттаму беа избркани, а соседите сведочеа дека семејството целосно го уништило мебелот.

dobija-truenje-od-muvla-gi-narekuvaa-bezdomnici-tazhni-fakti-za-pette-deca-na-tori-speling-15.jpg

Засега не е познато каде живее семејството и од каде актерката наоѓа основни финансии за живот, но се смета дека тие се преселиле во друга изнајмена куќа.

Инаку, Тори по подолго време ќе им се врати на работните ангажмани, па се очекува да биде дел од најновата сезона на шоуто „Танц со ѕвездите“ (Dancing with the stars).

dobija-truenje-od-muvla-gi-narekuvaa-bezdomnici-tazhni-fakti-za-pette-deca-na-tori-speling-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg