Актери кои ги тероризирале колегите на снимање (и никој не сака да работи со нив)
- Детали
- недела, 15 септември 2024
Стивен Сигал, Мел Гибсон, Марлон Брандо – се чини дека некои од најпознатите холивудски актери имаат лош темперамент.
Без разлика што се мошне добри во својата професија, некои режисери избегнуваат одредени актери поради нивото однесување.
А, ни другите актери не се најсреќни ако треба да работат со нив.
Дел од холивудските актери кои биле ужасни за време на снимање:
Стивен Сигал
Низ годините, многу, многу луѓе кои соработувале со Стивен Сигал имаат само лоши зборови за него.
Колешка на Стивен го има наречено „предатор“ бидејќи ја вознемирувал, додека друг актер има изјавено дека се случувало да бара промени на филмовите откако завршувало снимањето.
Рапер, кој е Афроамериканец, има изјавено дека Стивен го третирал „како роб“, додека еден комичар изјави дека актерот физички го нападнал на снимање.
Весли Снајпс
Комичарот Патно Освалд кој соработувал со Весли Снајпс има изјавено дека актерот како намерно да пробувал секој ден на филмскиот сет да го направи кошмар.
Весли се скарал и со режисерот на филмот, па од инает не излегувал од неговата соба кога требало да снимаат и постојано пушел марихуана.
Потоа Весли добивал да зборува со режисерот, а на крај наводно и пробал да го задави.
Вал Килмер
До крајот на 1990-тите, Вал Килмер веќе стекнал репутација на лош човек.
Според режисерот на Batman Forever, каде што Вал го глумеше Бетмен, актерот бил ужасен на снимањата – секогаш кога доаѓал на сетот, почнувал караници.
И други истакнати лица од филмската индустрија имаат изјавено дека никогаш повеќе не сакаат да работат со него.
Мел Гибсон
Скандалите не се нешто непознато за Мел Гибсон, а не пробувал да си го смени однесувањето ни со колегите.
Бројни актери, вклучувајќи ја и Винона Рајдер, имаат изјавено дека ги навредувал и често користел пцости и расистички навреди.