Луксуз на јахта и романтика како и првиот ден: Милионерот Џанлука Ваки со двете најсакани жени минува лето за паметење
- Детали
- петок, 30 август 2024
По раскошниот роденден со џиновска торта, аутфити во бело и тон прегратки, Џанлука Ваки со семејството замина на долг летен одмор и, се разбира, не заборави да сними и по некое забавно танцувачко видео.
На почетокот од август, италијанскиот милионер Џанлука Ваки, со раскошна забава го прослави својот роденден, а потоа цел месец го искористи за уживање и релаксација со двете најсакани жени во животот, партнерката Шерон Фонсека и нивната ќерка Блу Ерусалема.
Атмосферата на неговиот роденден:
Како и секогаш, за да ја зачуваат својата приватност, Џанлука и Шерон уживаа на одмор на јахта, без љубопитните погледи да им го нарушуваат мирот.
Тие изгледаат вљубено, како и првиот ден, а нивната ќеркичка е круна на нивната љубов.
Милионерот кој стана светски познат по забавните танцувачки видеа, иако поретко, не заборава да објави и по некое такво и да одвои време за релаксација со танц.