Мистериозното исчезнување на детето од Beethoven – Оставил чудна порака во автомобилот, по 18 години никој не знае каде е
Во периодот кога размислувал како да се врати во филмската индустрија, на Џо му се губи секаква трага.
До денес, скоро две децении подоцна, не се знае што се случило со Џо Пилчер.
Според истрагата, на 4-ти јануари 2006 година, тој бил во друштво на неколку пријатели и наводно бил во добро расположение.
По ова, околу 4 часот наутро, тој разговарал со друг пријател по телефон.
Според некои извори, за време на овој разговор Џо бил под дејство на алкохол и наводно плачел.
Му рекол на пријателот дека ќе му се јави за еден час, но не му се јавил и неговата трага се губи.
Неколку дена подоцна, на 9-ти јануари, бил пронајден неговиот автомобил.
Внатре бил неговиот мобилен телефон, но клучевите од автомобилот и неговиот паричник не биле пронајдени.
Подоцна, неговото семејство откри дека Џо оставил порака во автомобилот во која изјавил дека сакал да биде „посилен брат“ и ги замолил сите негови предмети да му ги дадат на брат му.
Но, тогаш семејството изјави дека не ја гледало пораката како навестување за самоубиство, иако детективите кои го истражувале случајот се сомневале во тоа.
Најпрво, тие верувале дека Џо можеби скокнал од мост во близина. Но, никаде не било најдено тело.
Детективите не верувале дека Џо бил убиен, но неговото семејство тврдеше дека не покажувал знаци на депресија и сигурно некој друг стои зад неговото исчезнување.
Две недели по исчезнувањето, сестра му изјави:
„Веројатно сега му е срам да се врати дома.
Во најлош случај, бил жртва на некакво насилство. Но, дефинитивно не е самоубиство“.
Пред да биде пронајден автомобилот на Џо, мајка му се загрижила и му рекла на брат му да оди во неговиот дом.
Брат му отишол во станот на Џо на 5-ти јануари – влезната врата била отклучена и сите светилки биле вклучени.
Брат му почекал еден час пред да си замине, а потоа во станот отишла и мајка му и го пријавила за исчезнат.
Тој период, мајката на Џо остро ја критикуваше полициската истрага истакнувајќи дека детективите поминале само 3 минути во истражување на станот и автомобилот, пред да донесат заклучок дека младиот актер се самоубил.
Во 2011 година, мајка му повторно се огласи за исчезнувањето на Џо.
„Полицијата лошо се справи со случајот и голем дел од доказите се изгубени.
Направија грешка бидејќи локалните полицајци не ги знаат процедурите за исчезнати луѓе и деца.
Џо не беше дете кое би избегало, тоа е единственото нешто што го знам со сигурност…“
Неодамна, на социјалните мрежи почна да се дискутира за случајот на Џо – јавноста се присетуваше на неговите филмови, но и многумина пробуваа да откријат нешто ново за случајот.
Сепак, уште никој нема откриено ништо.
Доколку е жив, денес Џо би имал 37 години.
Спирова С. | Црнобело