Vanity Fair - Холивуд
- Детали
- вторник, 07 февруари 2012
Во традиционалното годишно холивудско издание на Vanity Fair насловната страна ја красат 11 млади актерки. За прв пат задачата да ги...
... фотографира му е доверена на славниот Марио Тестино кој направи одлична фотосесија во духот на дваесеттите години на минатиот век.
Како и минатите и ова издание веднаш доби критики дека е расистичко. Vanity Fair ретко им дава можност на црните или латино актери да се појават на насловната страна или пак, како сега, ги вклучува во фотосесијата, но на внатрешните страни од тројната насловна.
Запознајте ги девојките за кои Vanity Fair смета дека се новата надеж на седмата уметност.
Руни Мара, номинирана за Оскар за главна женска улога, во интервјуто за списанието откри дека како тинејџерка била вљубена во Том Јорк
Миа Василиковска која како тинејџерка го сакала Хит Леџер, откри дека една од омилените актерки ѝ е Тилда Свинтон и дека ако не била актерка ќе работела како фотограф
Џенифер Лоренс зборува за снимањето на The Silver Linings Playbook со легендарниот Роберт де Ниро
Џесика Честејн која е избрана да ја игра покојната принцеза Дајана откри дека како тинејџерка била вљубена во Ралф Фајнс и раскажа како од возбуда често се бламира кога запознава славни личности како Мерил Стрип
Adepero Oduye по низа кратки филмови и појавувања во ТВ серии се проби со Pariah, приказна за тинејџерка лезбејка која почнува да ја открива својата сексуалност
Шејлин Вудли во The Descendants игра една од ќерките на Џорџ Клуни
Пола Патон
Фелисити Џонс
Лили Колинс, новата Снежана која се бори со лошaта Џулија Робертс