Танчарки на шипка, Ким пијана изведува акробации – Клои Кардашијан го прослави 40-тиот роденден (фото)
- Детали
- понеделник, 01 јули 2024
Темата на забавата беше „тексас и дијаманти“, Снуп Дог ги забавуваше гостите, а Ким Кардашијан испила малку повеќе, па изведуваше акробации на подиумот со менаџерот на Бритни Спирс – како помина прославата за 40-тиот роденден на Клои Кардашијан?
На 27-ми јуни, Клои Кардашијан наполни 40 години, а викендов го одбележа роденденот со голема прослава.
Со танчарки на шипка, но и настап на познат рапер, Клои прослави во друштво на пријателите и семејството.
Темата на забавата беше „тексас и дијаманти“, а декорациите беа инспирирани од забавниот парк Dollywood на пејачката Доли Партон.
Главна ѕвезда на вечерта беше Снуп Дог, а наводно Клои воопшто не знаела дека раперот ќе настапи на забавата.
„Немаше поим дека доаѓа и Снуп Дог, па ова ѝ ја разубави целата вечер“, откри сестра ѝ Ким со објава на Инстаграм.
Клои, како и нејзините сестри, беа облечени во духот на темата – во тексас и дијаманти.
Славеничката носеше тексас корсет, искинати фармерки и каубојски шешир од тексас, во комбинација со раскошен дијамантски ѓердан.
Ким Кардашијан носеше тексас корсет и фармерки со врвки, исто така со дијамантски накит, додека Кортни и Тревис беа во складни тексас кошули.
Покрај стриптизетите и настапот на Снуп Дог, и пијаната Ким Кардашијан се најде во центарот на вниманието.
На подиумот, таа танцуваше со менаџерот на Бритни Спирс, а направија и неколку луди акробации.
Ким сподели видео од „настапот“, откривајќи дека не се сеќавала на танцувањето бидејќи била пијана.