Во младоста била без „скршен денар“ и имала депресија, ја критикуваа за изгледот – Факти за Пенелопи од серијата Bridgerton
Вежбала различни акценти преку видеа на Инстаграм
Никола е од Ирска, но ова не ја спречува да глуми со разни акценти, како аристократскиот британски во Bridgerton, па и северноирски кој е тежок за разбирање дури и за оние кои потекнуваат од другите делови на Ирска.
А, Никола вели дека ги вежба акцентите со помош на Инстаграм.
„Некогаш гледам видеа на Инстаграм и го исклучувам звукот, па пробувам да погодам со кој акцент зборуваат според начинот на којшто ја движат устата“.
Беше критикувана за изгледот
Никола денес е плус-сајз модна икона, но тоа не значи дека не се соочила со критики.
Филмски критичар ја има наречено „мала девојка со прекумерна тежина“, а подоцна и „дебела“.
Тогаш Никола јавно се обрати до медиумот кој ја објави колумната на критичарот:
„Вашиот критичар вторпат пишува рецензија во која го критикува и моето тело. Зошто го поддржувате ова?“
Потоа, таа им порача на критичарите да ја критикуваат нејзината изведба и нејзиниот талент како актерка, а не нејзиното тело.
Имала депресија
Во периодот кога имала финансиски проблеми, Никола се соочила и со депресија.
„Не можев да станам од кревет. Се чувствував како да не ме бидува за ништо. Се чувствував како да немам ништо, како постојано да го разочарувам семејството.
Си ги мислев сите овие лоши работи за мене и стануваше уште полошо бидејќи тогаш морав да извадам и кредит, па имав и долг“.
Закрепнувањето од депресијата, вели, бил долг и тежок процес.
„Немаше една конкретна работа што ме извлече од депресијата – постепено излегував од таа фаза.
Моето семејство беше прекрасно и сестра ми буквално ме влечеше од креветот за да ме натера да излезам надвор. Овие ситници ми дадоа цел и ме убедија дека иднината е светла“.
Многу сака да готви
Никола вели дека по глумењето, втората љубов ѝ е готвењето.
„Многу готвам. Но, додека ја снимавме Bridgerton постојано патувавме и не готвев со месеци…
За мене готвењето е како терапија, а најмногу сакам да готвам за мајка ми“, изјави актерката пред некоја година.
Спирова С. | Црнобело