Опасни лекови и операции – Низ што поминуваат старлетите откако зголемените задници веќе не се во мода?
- Детали
- недела, 23 јуни 2024
Плаќаа огромни суми за да ги зголемат задниците, а сега се чини дека тоа веќе не е во мода, па познатите девојки мора да поминат низ голема мака за да се ослободат од нив. Што мора да направат Кардашијанс и другите дами за да се ослободат од мастите вбризгани во задникот?
Ако во минатото жените вложуваа голем напор за да го скријат задникот и визуелно да го смалат, сето тоа се промени пред 15-тина години, кога под влијание на Ким Кардашијан, облините на задникот, зголемени со опасни процедури, станаа вистински хит.
Но, се чини дека во последните неколку години процедурата за бразилски лифтинг на задникот веќе не е во мода и славните дами почнуваат да ги вадат имплантите, но очигледно воопшто не е лесно ситуацијата да се врати во нормала.
Првично, затоа што процедурата за бразилски лифтинг на задникот, која е најпопуларна, подразбира вадење на масните наслаги од еден дел на телото и нивно вбризгување во задникот.
Но, ако сакате да се ослободите од огромниот задник, тогаш потребно е да се направи липосукција за да се отстрани дел од мастите што биле вбризгани, но пациентките често се соочуваат со испуштена и истегната кожа.
Клои и Ким ги смалија задниците со Ozempic
Уште во 2022-ра година почнаа да кружат гласините дека сестрите Ким и Клои Кардашијан ги извадија имплантите од задникот, а и двете почнаа да привлекуваат внимание со неверојатно витката фигура.
Се чинеше дека двете сестри преку ноќ се „стопија“ и им ги снема и задниците по кои се препознатливи.
Додека тие две тврдеа дека држат диета препорачана од нутриционист и вежбаат деноноќно, сѐ погласни беа гласините дека Ким и Клои користат Ozempic, лек за дијабетес тип 2, кој стана мошне популарен кај холивудските ѕвезди за слабеење, иако е опасен по здравјето ако се користи за оваа намена.
Се чини дека фигурата на Ким сѐ повеќе се смалува во последните неколку години, а она што е карактеристично за Ozempic е дека како несакана последица, мошне брзо го смалува задникот.
The Sun, повикувајќи се на извори блиски до Ким, пишува дека таа никогаш немала импланти, туку постојано одела на вбризгување масти во задникот, а по разводот со Канје, престанала да ја практикува таа процедура и сега нејзиниот задник се смалува затоа што губи килограми.