Како Јариќ ја освоил Лима?
- Детали
- четврток, 02 февруари 2012
Ако сте се запрашале некогаш како српскиот кошаркар Марко Јариќ ја освоил една од најубавите жени на светот – Адриана Лима, ова ви е...
... можност да дознаете. Еве што вели Адриана:
„Никогаш нема да го заборавам нашиот прв состанок. Дојдов дома и таму ме пречека изненадување. Мојата куќа беше целата исполнета со преубави црвени рози. Никогаш не сум добила толку рози. Тука ме освои“ – била искрена манекенката.
Таа изјавила и дека многу се радува на Св. Валентин:
„Марко и јас се венчавме на Денот на вљубените пред три години, па тоа за нас е посебен датум. Веројатно ќе одиме некаде на вечера, а многу се радувам и на подароци. Многу ме интересира со што ќе ме изненади оваа година.“
Со оглед на тоа што и нивната ќерка се вика Валентина, кристално е јасно колку им значи овој ден.