Разгалената Џеј Ло критикувана од луѓе кои соработувале со неа: „Еднаш прекина снимање бидејќи некој погледнал во неа“
- Детали
- четврток, 13 јуни 2024
„Кога Џеј Ло ми беше гостинка во емисија, имаше поголемо обезбедување од претседателот. Со неа беше и маж чија единствена задача беше да ѝ го држи огледалото“, многумина решија да ги споделат своите лоши искуства со разгалената дива.
Покрај гласините за развод, Џеј Ло се соочува и со бројни критики за нејзиното однесување.
Сè повеќе луѓе кои работеле за неа или биле ангажирани околу нејзини концерти ги споделуваат непријатните искуства со пејачката, истакнувајќи дека си го заслужила епитетот „разгалена дива“.
Неодамна, Џеј Ло ја откажа и нејзината турнеја, со што поттикна дополнителни критики.
Приказните за разгалената Џеј Ло главно почнаа да се шират пред некој месец.
Но, зачестија неодамна, откако познатата американска блогерка Меган Мекејн изјави дека Џеј Ло е „многу непријатна личност“ – нешто што го сфатила кога ја интервјуирала во 2019-та.
Меган беше водителка во американска ТВ емисија, а го сподели искуството во поткаст.
„Бев водителка во емисијата The View и Џеј Ло не беше пријатна личност.
Не мора секогаш да бидеш добар кон другите… Но, кога доаѓаш за 10-минутен сегмент, лажи дека си добра личност само тие 10 минути.
Со неа ја имаше најголемата придружба (од телохранители и слично) која сум ја видела. Повеќе од Ким Кардашијан и претседателот. Едноставно, не ми е јасно зошто ѝ беа потребни толку многу луѓе.
Мора да се спушти на земја, бидејќи ја критикуваат насекаде. Има многу луѓе кои соработувале со неа или работеле како келнери и слично, и имаат многу негативни искуства со неа“.
По ова, други луѓе почнаа да споделуваат приказни, а многумина се присетија и на видео од март годинава.
Видеото е снимено од млада Американка која работи во забавната индустрија и која споделува искуства со пејачката.
„Вели дека не сака луѓето да ја гледаат во очи. Имам и пријател која работеше на проект со Џеј Ло, и таа го запрела снимањето, ја запрела целата работа бидејќи тој ја погледнал во очи.
Имам уште барем 15 вакви приказни. Немојте да ја браните, ужасна е“, вели девојката во видеото.
@labellatini #stitch with @darianysantana nah. @JLO #jlo
♬ original sound - LABellatini
Во коментари, многу корисници споделуваат слични искуства:
„Работев во канцеларија во близина на студиото на Sony. Кога прашав некои од тамошните вработени кој е најлош за соработка, сите рекоа Џеј Ло. Не смееле да ја гледаат во очи и барала сè да биде бело“.
„Ќерка ми работеше за авиокомпанија што нуди приватни летови и сето ова е потполно вистина! Никој не сакаше да лета со Џеј Ло“.
„Работев како мејкап артистка на снимање на Џеј Ло и нам ни го кажаа сето ова пред да дојде таа“.
Слични приказни се споделуваат и на Твитер:
„Имав пријател кој беше одговорен за осветлувањето на еден од нејзините концерти. Сите вработени добија јасни инструкции – ’Не ја гледајте госпоѓа Лопез. Не смеете да погледнете во неа‘“.
„Работев во скијачки цената во Северна Каролина. Пред неколку години, Џеј Ло таму снимаше реклама за некоја автомобилска компанија. Од надредените добивме известување дека никако не смееме да погледнеме во неа“.
„Бев дел од екипата што ја подготвуваше Џеј Ло за настап и сите бевме предупредени дека никако не смееме да ја погледнеме. Дури и ако требаше да зборуваме со неа, ни рекоа да гледаме во подот“.
„Според мој пријател, исто правило требало да следат и нејзините возачи, никако не смееле да ја погледнат, ниту преку ретровизорот“.
На социјалните мрежи се појави и листа со барања која Џеј Ло наводно ја доставува кога има настап, снимање или слично.
За соблекувалната, пејачката барала бели цветови, бели прекривки за маси, бели свеќи, бел мебел…
Во соблекувалната морало да има и манго, грозје, ананас, папаја, лубеница, вода на собна температура, но никако не смеело да има сок од јаболко или грозје.
Блогерката која го започна трендот на критикување на разгаленото однесување на Џеј Ло и претходно има зборувано за нејзиното лошо искуство.
„Кога оди некаде, Џеј Ло со себе носи повеќе луѓе од претседателот. Не се шегувам.
Кога беше во мојата емисија, со неа имаше маж чија единствена обврска беше да ѝ го држи огледалото додека се средува.
Тогаш си помислив ’Колку чудна работа. Сигурно сонувал да стане уметник или музичар, а сега има задача да ѝ го држи огледалото на Џеј Ло‘“.
Спирова С. | Црнобело