„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи Калкин

„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психички и физички. Можам да ви ги покажам и лузните“, има изјавено Меколи Калкин за односот со татко му. Неодамна, актерот се присети на овој период од животот со емотивна објава по повод Денот на таткото.

tatko-mi-gi-zemashe-site-pari-shto-gi-zarabotuvav-nemav-ni-za-kirija-tazhnoto-detstvo-na-mekoli-kalkin-01.jpg

Многу години откако стави крај на актерската кариера, Меколи Калкин сепак е еден од најпрепознатливите холивудски актери.

Покрај улогите во неколку семејни филмови, најголема популарност стекна со филмовите „Сам дома“ (Home Alone) кои веќе станаа култни и за многумина се задолжителни во периодот околу Божиќ и Нова година.

Но, огромната популарност од рана возраст му донела и безброј проблеми на Меколи Калкин.

tatko-mi-gi-zemashe-site-pari-shto-gi-zarabotuvav-nemav-ni-za-kirija-tazhnoto-detstvo-na-mekoli-kalkin-05.jpg

Многуте пари што ги заработувал донекаде биле причина за тој да прекине секаков контакт со неговиот татко уште пред да стане полнолетен.

А, татко му му вршел вистинска тортура на тогаш малиот актер, но и на неговата мајка.

Калкин самиот откри дека татко му бил насилен. Денес тој избегнува да се фокусира на минатото, но сега, во емотивна Инстаграм објава, суптилно го спомна тешкиот период со татко му.

tatko-mi-gi-zemashe-site-pari-shto-gi-zarabotuvav-nemav-ni-za-kirija-tazhnoto-detstvo-na-mekoli-kalkin-12.jpg

По повод Денот на таткото, актерот откри дека добил подарок од филмското студио Lucasfilm.

Тој сподели фотка од подарокот, а во описот пишува:

„Ако знаете барем малку за мене, тогаш знаете дека во минатото имав комплициран однос со Денот на таткото.

Но, откако самиот станав татко, решив да променам нешто… Пробувам да го претворам денот во прослава за моите деца, а не за мене. Сепак, тие се оние кои ме прават татко.

Во нашиот дом, Денот на таткото не се слави како Божиќ, туку го гледаме како не многу важен празник, како Денот на вљубените.

Но, пробувам да правам забавни работи со моите деца на овој ден…

Денот на таткото не е за мене, туку е за луѓето кои прават да се чувствувам дека сум татко“.

Што точно се случило со актерот и татко му и во каков однос се денес?

Кога Меколи почнал да се прославува, татко му Кит Калкин си дал отказ од тогашното работно место и станал менаџер на малиот актер.

На почетокот нештата биле добри и на актерот му било потребно водството од возрасна личност додека се справувал со светска слава.

Но, набрзо татко му почнал да му забранува многу работи, дури и неопходни нешта, како кревет за спиење.

tatko-mi-gi-zemashe-site-pari-shto-gi-zarabotuvav-nemav-ni-za-kirija-tazhnoto-detstvo-na-mekoli-kalkin-10.jpg

Актерот има изјавено дека го терал да спие на каучот, а многупати и го присилувал да останува буден цела ноќ за да ги вежба дијалозите за снимање.

„Мислам дека на тој начин сакаше да ми го скрши духот. 

Сакаше да ми стане јасно дека тој е главен и дека ако тој не ми дозволува да спијам, тогаш нема да спијам“, има изјавено Калкин.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg