Ѕвезди со строг режим на исхрана: Том Круз јаде по 15 оброци на ден, Џоли внесувала 600 калории дневно
- Детали
- сабота, 08 јуни 2024
Викторија Бекам секојдневно јаде по 4 авокада, а Анџелина Џоли внесува само 600 калории дневно. Јаглехидратите и шеќерите се строго забранети за овие познати личности.
Том Круз неодамна уживаше на плажа во Мајорка, а најголемо внимание привлече неговото извајано тело.
Актерот кој ја гази седмата деценија од животот изгледа минимум 2 децении помладо, благодарение на строгиот режим на исхрана до кој се придржува, пишува порталот Pinkvilla.
Кајак, мечување, планинарење се дел од спортските активности кои ги применува за да остане во топ форма.
Покрај тоа, три дена во неделата тренира во теретана, а два дена се занимава со активности на отворено.
За време на тренинзите во теретана најмногу се фокусира на рамената, градите, трицепсите, бицепсите и грбот.
Голема улога за одржување на неговата линија игра и правилната исхрана.
Актерот јаде 15 мали оброци дневно, наместо три големи.
Не јаде слатка, преработена храна, а избегнува јаглехидрати.
Наместо тоа, јаде скара и храна приготвена на ниска температура, а неизбежни се ѓумбирот, брокулата, спанаќот, јаткастите плодови, маслиновото масло.
https://www.instagram.com/p/C680831MZRk/?img_index=6
Но, тој не е единствената ѕвезда која се придржува до строг режим на исхрана.
„Прилично сум екстремна во сè, без разлика дали јадам, вежбам, пијам или не пијам“, откри модната дизајнерка и поранешна пејачка Викторија Бекам.
Интересно за неа е тоа што веќе 25 години јаде ист оброк секој ден.
Нејзиниот сопруг, поранешниот фубалер Дејвид Бекам, има изјавено дека таа најчесто руча риба на скара и зеленчук на пареа веќе 25 години.
„И јас сакам овошје, но не јадам премногу затоа што понекогаш овошјето ме прави да се чувствувам подуено“ - објаснила таа и додала дека тоа не значи дека целосно ги избегнува јаглехидратите.
Авокадото е една од омилените намирници на Викторија, кои ги комбинира со различни намирници во текот на денот.
Во 2019 година, таа за Телеграф откри дека јаде помеѓу три или четири авокада на ден и дека оваа намирница е заслужна за сјајот и здравјето на нејзината кожа.
Освен тоа и редовно тренира.
Таа за магазинот The Guardian's Weekend кажа дека претпочита да вежба во периодот помеѓу 5:30 и 6:00 часот наутро.
Секојдневно истрчува по 7 километри на лента за трчање, а потоа продолжува да тренира со личен тренер.
Прави комбинација на вежби, по 30 минути за рацете и исто толку за нозете.
Анџелина Џоли често се наоѓа на листите за најубави и најзгодни актерки во светот.
Жените и мажите се воодушевуваа од нејзиниот атрактивен изглед сѐ додека по разводот со Бред Пит драстично не ослабе и спадна на само 40 килограми.
Таа тврдеше дека тоа е поради стрес, а подоцна списанието Marie Claire го откри нејзиниот начин на исхрана, кој се базира на грст јаткасти плодови и семки.
Таа наводно во тој период внесувала само 600 калории на ден.
;
Во својата автобиогрфија во 2019 година, насловена Inside Out актерката Деми Мур откри дека била опседната со тежината.
Од мени целосно ги исфрлила јаглехидратите, редовно трчала и возела велосипед.
По извесно време сфатила дека го достигнала лимитот и се одлучила на промена.
Сепак, не се откажала од вежбањето, но од брзата храна и газираните сокови целосно се откажала.
Претпочита да внесува само готвена храна, бидејќи има помалеку адитиви, консумирањето на сол ѝ е сведено на минимум, избегнува преработени масла и маргарини, а засладувачите кај неа се строго забранети.
Кето диетата е многу популарна меѓу светските ѕвезди.
Оваа диета се покажала како нaвистина делотворна за намалување на килограмите, а овој начин на исхрана исто така помага и за чистење на кожата.
Кето диетата се состои од минимален внес на јаглехидрати, умерена количина протеини и висока количина масти.
Забранети се шеќерите, односно компир, банани, портокал, пченица, пченка и житарки, а дозволено е да се јаде риба, говедско и јагнешко месо, зелен зеленчук, млечни производи, авокадо и шумско овошје, јаткасти плодови, но и засладувачи.
На овој начин на исхрана се придржуваат сестрите Ким и Кортни Кардашијан, манекенката Адријана Лима, актерката Хали Бери и кошаркарот Леброн Џејмс.
С. Ш. | Црнобело