Не излегува без обезбедување, по Евросонг ќе оди во војска: Животната приказна на Израелката Иден Голан
Која е Иден Голан, претставничката на Израел на Евровизија?
Родена е во Кфар Сава пред 20 години.
Кога имала 6 години со семејството се преселила во Москва, поради работата на татко ѝ.
Нејзините родители се евреи, родени во Советскиот Сојуз.
Но, животот во Русија не ѝ бил лесен, а таа во една пригода истакна дека била жртва на антисемитизам.
Во 2022 со родителите се вратила во Израел, поради инвазијата на Русија врз Украина, но вели дека и без тоа, во некој момент сигурно би се вратиле во Израел.
Кариерата ја почнала во 2015 година, кога ја претставувала Русија на Јуниорската Евровизија и завршила на петтото место.
Следната година настапувала на меѓународниот натпревар „Новиот бран“ во Крим, што се смета за уште еден контроверзен податок.
По враќањето од Евровизија, Иден ќе оди во војска, односно во Израелските одбранбени сили, што е обврска на сите мажи и жени во земјата.
Настапот на Израел на Евровизија 2024:
Прочитајте и Шпанските танчари со голи задници и штикли, песна на Дарко Димитров во финале - Највпечатливите моменти од Евросонг 2024
А. Ј. | Црнобело