Сите „одмазднички“ песни на Тејлор Свифт - Кои беа нејзините дечковци и кои песни им ги посвети?
Џејк Џиленхол
Врската на Тејлор со Џејк Џиленхол беше јавна и парот постојано беше фотографиран заедно во периодот од 2010-та до 2011-та година.
Се верува дека раскинале затоа што на актерот му пречела големата генерациска разлика од 10 години.
Се верува дека нему му е посветена песната All to Well.
Хари Стајлс
Тејлор Свифт и Хари Стајлс беа заедно само еден месец во 2013-та година, но во тој период постојано ги полнеа таблоидите.
Беа фотографирани како заедно се шетаат низ Централ Парк, се бакнуваат на Тајмс Сквер на Нова година, па дури заедно имаа и несреќа со моторна санка.
Нему му ја посвети песната I Knew You Were Trouble.
Кaлвин Харис
Во периодот помеѓу 2015-та година и 2016-та Тејлор беше во врска со ди-џејот Калвин Харис. Тие постојано се појавуваа заедно на настани, а се претпоставува дека Калвин бил тој што раскинал.
Се верува дека песната We Are Never Ever Ever Getting Back Together му е посветена нему.
Џо Алвин
Со актерот Џо Алвин, Тејлор ја имаше најдолгата врска, која траеше од 2017-та до 2023-та година. Иако имаше гласини дека се свршени, парот никогаш не стапи во врска.
Се верува дека песната You’re Losing Me му е посветена нему, а во неа пејачката пее дека врската се потрошила додека тој не сакал да се ожени за неа.
Б. С. Б. | Црнобело