Ријана и Крис во тајна врска
- Детали
- петок, 20 јануари 2012
Три години по скандалозното прекинување на врската, Ријана и Крис Браун повторно се заедно, така изјавува американскиот неделник Us Weekly.
Пред неколку недели Крис твитнал „I love you more than you know“, а неколку минути подоцна Ријана твитнала „I will love you forever #1LOVE“.
Таблоидите ова го зеле како доволна ситуација за да ги потврдат шпекулациите. Според изворите, бившите љубовници наводно се гледале во тајност последната година.
„Доаѓа кај него секогаш кога е во Лос Анџелес. Не можат да се заситат еден од друг. Ријана сака опасности и предизвици, а Крис се вклопува во тој стил на живот.“ – вели неименуван извор.
Инаку, Браун е осуден на 5 години условно, 6 месеци социјална работа и 1 година на терапевт за вечерта кога ја претепа Ријана на Греми Наградите 2009 година.