Најпознатата двојничка на Кејт Мидлтон: „Постојано морам да објаснувам каде сум била – ова е лудост“
- Детали
- петок, 22 март 2024
„Ова е лудост. Заради теориите дека Кејт Мидлтон исчезна, постојано морам во интервјуа да објаснувам јавно каде сум била“ – вели најпознатата двојничка на принцезата од Велс, Хајди Ејган, за која многумина веруваат дека е таа на видеото од Кејт и Хари кое неодамна се појави.
Хајди Ејган е најпознатата „двојничка“ на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која успеала да изгради кариера благодарение на големата сличност со неа.
Деновиве, по објавувањето на некои видеа и фотки за кои теоретичарите на заговор не се сигурни дека се од Кејт Мидлтон, Хајди тврди дека го преживува најчудниот период во нејзиниот живот.
Таа се најде на удар, откако на социјалните мрежи не стивнуваат коментарите заради тоа што Бакингемската палата молчи за здравствената состојба на Кејт, и сите мислат дека користат двојничка на Кејт.
Хајди беше гостинка во популарна британска емисија за да каже со што се соочува во моментов.
„Ова е лудост. Постојано морам да давам интервјуа и изјави и да им давам на луѓето алиби за тоа каде сум била.
Па, да навистина е луд период. Теоретичарите на заговор не ми даваат мир во последните неколку денови. Сметам дека теориите на заговор мора да престанат“ – изјави таа во гостувањето во The Morning Show, а пренесе Daily Mail.
Исто така Хајди се вклучува во живо и во други емисии, каде ја прашуваат дали таа на видео снимката од пазар во друштво на принцот Вилијам, на што вели:
„Јас не бев таму. Дефинитивно не сум јас на видеото. Јас бев на работа овде, тоа не сум јас и 100 отсто сум сигурна дека Кејт и Вилијам беа на видеото.
Јас и мојот партнер се разбудивме вчера и додека ги пиевме кафето и чајот не можевме да поверуваме што се случува на нашите профили на социјалните мрежи“.
https://twitter.com/thismorning/status/1770473040964456853
Хајди раскажува дека во моментите кога е заедно со нејзиниот партнер кој исто така заработува како двојник на принцот Вилијам, многу често им се случува луѓето да ги помешаат и да ги застанат за да се поздрават со нив.
За потсетување, Кејт Мидлтон се нема појавено во јавност од нејзината операција на абдоменот во декември 2023.
По притисокот од јавноста, наместо Бакингемската палата да соопшти што се случува со неа, весникот The Sun објави кратко видео од кралскиот пар.
@tmz #KateMiddleton seemed to be in good spirits while out and about with #PrinceWilliam Saturday. 🎥: TMZ/The Sun
♬ original sound - TMZ
Но, теоретичарите на заговор не се сигурни дека тоа е Кејт.
Првите фотки од принцезата беа замаглени и нејасни, фотката објавена по повод Денот на мајките беше фотошопирана, па видеото е само причина плус теориите на заговор и натаму да продолжат и да не престанат.