Кавали знае што да одбере
- Детали
- четврток, 12 јануари 2012
На модната индустрија дефинитивно и недостасува некој кого апсолутно би го обожавала. Последните богињи на модната индустрија беа супер модели...
...за кои не е најдена замена.
Затоа веќе неколку сезони ги вклучуваат во кампањите за да се потсетиме на ѕвездите на 90тите.
Последен кој го направи ова е Кавали. За кампањата пролет/лето 2012, ја оживеале кампањата на Версаче која ја сликал познатиот Ричард Аведон. Стивен Мајзел е фотограф кој е одговорен за овој омаж.
Во кампањата се вклучени Кристен Мекајнами, Наоми Кемпбел и Карен Елсон. На дамите кои се близу до 50 тиот роденден им се придружила и 17 годишната Дафне Гронвелд.
И знаете што? Како да се врснички!