Славни жени кои отворено зборуваа за траумата од нивните спонтани абортуси

Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус додека го држела својот син Арчи, кој таа и принцот Хари го добија во мај 2019 година. Меган добила остар грч, паднала со детето во рацете, потпевнувајќи приспивна песна за и двајцата да останат смирени. Веселата мелодија била контраст со нејзиното чувство дека нешто не е во ред...

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-nivnite-abortusi-01.jpg

Губењето на неродено дете не е тема која често се дискутира. Повеќето случаи на рана загуба се јавуваат во првото тримесечје, пред дванаесеттата недела од бременоста.

Но, не е голема реткост абортусот да се случи и во второто тримесечје, помеѓу 13-та и 19-та недела.

Во многу случаи, ваквата загуба се чува во тајност од блиските и пријателите, иако емоционалниот товар е доста голем. Во такви моменти, жените доживуваат голема траума и честопати им треба повеќе време додека заздрават.

Во однос на оваа тема, одредени познати личности ја „извадија од сенка“ и отворено прозбореа за нивните искуства:

Меган Фокс

Во својата поетска книга од 2023 година, актерката напиша за прекинот на бременоста во 10-тата недела, со нејзиниот вереник, пејачот Машинг Ган Кели. Стиховите цитирани во People магазинот, вклучуваат: „Сакам да те држам за рака, да ја слушнам твојата смеа“, но и „но сега морам да кажам збогум“.

Меган исто така за WWD изјави дека пред неколку години имала и ектопична бременост. Тоа е кога оплодената јајце клетка се имплантира на друго место, а не во матката.

Таа има три деца од бракот со колегата актер, Брајан Остин Грин.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-nivnite-abortusi-02.jpg

Џеси Џеј

Откако имала спонтан абортус во 2021 година, кога била сингл, британската пејачка изјави дека се чувствувала целосно осамена. Неколку месеци подоцна, таа сè уште ја чувствувала загубата.

„Знаев дека причината зошто се случи тоа, беше затоа што не требаше да го сторам тоа сама… Треба да најдам некој што го сака ова, исто како и јас“, изјавила таа.

Вокалистката на „Bang Bang“ се присетила на утрото кога не се чувствувала добро, па отишла на лекар за проверка на бременоста.

„Сè уште имав многу интензивни гадења, но знаев дека нешто не е исто“, вели таа.

Откако докторот ѝ направил проверка, таа вели дека преовладувала страшна тишина…

Џеси доби машко бебе во мај 2023 година, со партнерот Сафир Корниш Колман.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-nivnite-abortusi-03.jpg

Бритни Спирс

Само еден месец откако објави за нејзината бременост со тогашниот сопруг Сем Ашгари, поп-принцезата повторно се огласи на својот Инстаграм профил, овој пат споделувајќи дека имала спонтан абортус.

„Со длабока тага објавуваме дека го загубивме нашето бебе во раната бременост“, напиша таа во мај 2022 година.

Таа исто така спомена дека не чекале многу време за да објават дека е бремена, нешто што го прават многу парови, туку дека биле возбудени уште од почеток да ја споделат добрата вест. Двојката се раздели во август 2023 година.

Бритни е мајка на два сина, Шон и Џејден, од поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-nivnite-abortusi-04.jpg

Меган Маркл

Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус додека го држела својот син Арчи, кој таа и принцот Хари го добија во мај 2019 година. Меган добила остар грч, паднала со детето во рацете, потпевнувајќи приспивна песна за и двајцата да останат смирени. Веселата мелодија била контраст со нејзиното чувство дека нешто не е во ред...

„Додека го држев своето првородено дете, знаев дека го губам второто“, напиша таа.

Војвотката е мајка и на ќерката Лилибет, која е родена во 2021 година.

slavni-lichnosti-koi-otvoreno-prozborea-za-nivnite-abortusi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg