8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
- Детали
- сабота, 13 јануари 2024
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајка на 53 години... Кои познати дами решија да станат мајки по 40-тата година?
Последниве години бројот на жени кои решаваат да станат мајки по 40-тата година е значително зголемен.
Едни остануваат бремени по природен пат или со ин витро, други пак добиваат деца преку сурогат мајки и посвојување.
Некои испитувања покажале и дека децата кои ги родиле повозрасни жени се поздрави, повисоки и постигнуваат подобар успех на училиште.
Кои се славните жени кои станаа мајки по 40-тата година?
Хилари Свонк
Актерката Хилари Свонк откри дека е бремена на 48 години, во октомври 2022-ра. Таа и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер добија близнаци во април 2023-та.
„Долго време посакував да останам бремена и да станам мајка“, изјави таа.
Сандра Булок
Холивудската ѕвезда имаше 46 години кога првпат стана мајка, а го посвои момчето Луис.
Пет години подоцна, таа посвои и девојче - Лајла.
Наоми Кемпбел
Супермоделот Наоми Кемпбел стана мајка со сурогат на 50 години. Таа во 2021 година откри дека ја добила ќерката Валери.
На 53 години, во јануари 2023-та таа стана мајка вторпат, овој пат на момче.
Оливија Мун
Актерката на 41 година го доби првото дете со комичарот Џон Мулани.
„Тешко е, но пресреќна сум. Иако е чудно што чувствувам и среќа и страв одеднаш, не можам да бидам поблагодарна за овој подарок“, изјави таа.