Ги спасил од сиромаштија: Колку пари наследиле Ким Кардашијан и сестрите од татко им?
Колку пари имал Роберт Кардашијан?
Се претпоставува дека Кардашијан имал околу 30 милиони долари кога починал.
Неговата адвокатска кариера не била баш завидна, па почнал да се занимава со други бизниси.
Во 1973-та основал издавачка куќа, а по шест години ја продал за висока цена.
Можеби најголемото достигнување на Кардашијан е идејата да се пушта музика во кината пред да почне филмот.
Оваа идеја резултирала со компанијата Movie Tunes.
Со О. Џ. Симпсон, Кардашијан основал компанија за сладолед, а подоцна работеле и на други заеднички проекти.
Колку пари им оставил Роберт на децата?
Не е познато колку пари наследиле Кардашијанс од Роберт, но наводно богатството што ми го оставил им помогнало многу.
Имено, Крис имала сериозни финансиски проблеми и редовно позајмувала пари откако се развела од Роберт.
Се претпоставува дека децата на Роберт – Ким, Кортни, Клои и Роб – наследиле недвижнини во вредност од 100 милиони долари.
Овој период, Крис добила и идеја да почне да снима ријалити шоу, по што животот на Кардашијанс тргнува во нагорна линија.
Како што спомнавме, иако фановите на Ким велат дека сама го стекнала богатството, дефинитивно имала огромна помош од татко ѝ.
Прочитајте и „Разговарав со татко ми кој е починат, како сфатив дека не е измама?“ - Ким Кардашијан со необична изјава
Спирова С. | Црнобело