Тамара и Мачка, Рики Мартин и Џуан Џозеф - Разводи што ја одбележаа 2023 година
Бритни Спирс и Сем Ашгари
Уште еден развод што беше изненадување за многумина.
Се шпекулираше дека Сем во бракот со Бритни бил жртва на насилство, па заради тоа одлучил да поднесе документи за развод.
Шенон Доерти и Курт Исвариенко
Шенон Доерти објави дека повторно се бори со ракот, а набрзо потоа соопшти и дека се разведува од третиот сопруг Курт Исвариенко, по 11 години брак.
Нејзината изјава многумина ја протолкуваа како обвинување за неверство.
Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес
Хју Џекмен објави дека се разведува по 27 години брак од 13 години повозрасната сопруга Дебора Ли Фурнес.
Тие соопштија дека сѐ уште чувствуваат љубов еден за друг, но дека е време да се разведат.
Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер
Уште еден развод што долго се провлекуваше во светските медиуми.
Откако поднесе документи за развод, Кристин со месеци не сакаше да си замине од семејниот дом. Си замина со судски налог дека не смее да земе ништо што е стекнато во бракот.
Б. С. Б. | Црнобело