Бредли Купер брза да ја земе ќерката на која ѝ се слошило, Џеј Ло ја држи мајка ѝ за рака: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓе
- Детали
- недела, 24 декември 2023
Бредли Купер мораше да ја напушти прес конференцијата за најновиот филм „Maestro“, откако му се јавија дека на неговата ќеркичка ѝ се слошило, додека Роби Вилијамс мака мачеше со ѕвездата на елката во семејниот дом – Кои славни личности ни докажаа дека се „обични“ луѓе?
Со оглед на тоа што постојано се во фокусот на вниманието и земаат големи хонорари, често се верува дека славните луѓе имаат вработени за секоја своја потреба, но тоа не е така.
И тие се „обични“ луѓе кои се загрижени за здравјето на своите деца, кои имаат родители и обврски.
И познатите дами сакаат да одат во шопинг со своите мајки – доказ за тоа е Џеј Ло, која беше фотографирана додека ѝ помагаше на мајка ѝ да помине голема бара.
Френк Лампард ги однесе најмалите деца во забавен парк, а на Ким Кардашијан ѝ се смачи од папараците па им покажа среден прст.