Помалку познати факти за бракот на Хејли и Џастин Бибер: Тој спие во посебна комора, делат продукти за хигиена
Џастин ја иритира Хејли кога пее по дома
Во едно интервју, Џастин откри дека Хејли ја фрустрира кога тој е дома и пее по цел ден. Иако за многумина е несфатливо како би можело да ја нервира тоа што светски познатиот пејач ѝ „пее на увце“, сепак тој во една пригода откри:
„Нејзе ѝ се допаѓа кога постојано пеам низ домот, но сепак и тоа има граници… Не знам, се чувствувам дека ме сака без разлика на сè, но…“
Џастин откри дека неговиот брак со Хејли бил „договорен“
Во едно гостување во емисија, Џастин откри дека верува оти неговата средба и брак со Хејли биле договорени и наместени.
Како што рече, тие двајца се сретнале рано наутро за време на снимањето на емисијата Today Show.
„Мислам дека беше договорен брак… Едноставно сум сигурен дека ми ја 'наместија' целата ситуација“ – се пошегува тој.
Не спијат заедно
Џастин и Хејли не спијат заедно. Пејачот во една пригода откри дека сака да спие во посебна хипербарична комора, што значи дека во тие вечери неговата сопруга спие сама.
„Го злоупотребував моето тело во минатото и сега сум во процес на закрепнување и водам сметка за органот што Бог ми го подарил…
Ме полни со кислород, навистина многу се борев со анксиозноста. Добиваш повеќе кислород во мозокот и ти помага да го намалиш стресот“ – изјави тој.
Хејли и Џастин користат ист чешел
Една од изјавите на Хејли што не им се допадна на многумина е изјавата дека тие двајца користат ист чешел и други производи за хигиена.
„Сметам дека кога си во брак и живееш со некого, често почнувате заедно да ги користите истите предмети. Воопшто нема ниту да ми трепне окото ако влезам во бањата и го видам како ги користи моите кремови.
Едноставно животот е таков кога си во врска“ – се правдаше Хејли.
Прочитајте и Љубовната приказна на Џастин и Хејли Бибер - ја оставил за Селена Гомез, имал зависности како татко ѝ
Б. С. Б. | Црнобело