Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби
Џеј Ло и Пи Диди со автомобил побегнале од клубот, но подоцна биле застанати од полицијата, а откако властите нашле украден пиштол кај нозете на пејачката, и двајцата биле уапсени.
Обвиненијата против Џеј Ло веднаш биле отфрлени и таа била ослободена, а Диди морал да оди на суд. Но, и покрај инцидентот, пејачката одлучи да остане со него и му беше поддршка во целиот процес.
Тие двајца имаа голем број појавувања на важни настани, но пејачката подоцна откри дека ова бил еден од најтурбулентните периоди во нејзиниот живот. Како што рече, додека била со него, постојано плачела и полудувала.
Според извори блиски до парот, раперот често знаел да исчезне кога биле заедно во хотели, по што Џеј Ло одела од соба до соба и го барала, а раперот во една пригода рече дека нивната врска е интензивна како таа на Френк Синатра и Ава Гарднер и дека е осудена на пропаст.
Парот конечно се раздели во 2001-ва година, а во јавноста најавија дека раскинуваат на „Денот на вљубените“. Според повеќе медиуми, причината за раскинувањето било неверството на Пи Диди.
„Никогаш не го фатив на дело, но знаев дека ме изневерува. Знаеше да ми рече дека оди во клуб на неколку часа, а потоа не се враќаше по цела ноќ“ – изјави Џеј Ло во една пригода.
Раперот, пак, призна дека се обидел повторно да ја освои Џеј Ло, така што ѝ пратил 100 бели гулаби, но тоа не променило ништо и пејачката не му простила.
Како и да е, парот сѐ уште е во пријателски односи, а Пи Диди во една пригода рече дека Џеј Ло била прекрасна девојка, но тој не можел да ѝ се посвети затоа што сѐ уште бил вљубен во бившата девојка Ким Портер.
Прочитајте и „10 години ме тепаше и ме снимаше додека имам секс со други мажи“: Бившата на Пи Диди со скандалозни обвиненија
Б. С. Б. | Црнобело