Џастин Тимберлејк ја натерал да абортира, мајка ѝ ѝ давала алкохол во 8-мо одделение: Скандалозни детали што Бритни досега ги откри во книгата
- Детали
- среда, 18 октомври 2023
Коктели со мајка ѝ во осмо одделение, бременост на 18 години и чувство на отпор затоа што цел живот некој ѝ наложува како да се однесува – Бритни Спирс откри нови детали за нејзиниот живот, кои конечно дадоа одговор за нејзиното проблематично однесување. „Сакаа да бидам дива на сцена, а робот во остатокот од времето“.
Оние што растеа во 90-тите и 2000-тите се сеќаваат како Бритни преку ноќ од невина поп ѕвезда прерасна во заводничка и фатална ѕвезда која се бакнуваше со Мадона на сцената, а набргу по раскинувањето со Џастин Тимберлејк, стапи во брак со Кевин Федерлајн и стана мајка, по што настапи нервниот слом.
Со месеци таблоидите пишуваа за нејзиното разуздано однесување, што не прилега на мајка на две деца, па потоа настапи скандалот, што во голема мера беше очекуван.
Бритни во еден ден си ја избричи главата, па водеше жестока битка за старателство и неколку дена подоцна нападна папараци со чадор.
Сега, пејачката речиси 16 години подоцна по овие случувања најави книга мемоари насловена Woman in Me, каде зборува за сите овие настани, но откри и повеќе детали што досега никој не ги знаел за неа.
Иако книгата сѐ уште не е објавена, сепак дел од светските медиуми веќе имале можност да ѕирнат што има во неа, па открија дел од деталите.
Можеби, најмногу внимание привлече фактот дека пејачката останала бремена додека била во врска со нејзиното прво момче Џастин Тимберлејк.
„Го сакав Џастин премногу и отсекогаш верував дека ние заедно ќе основаме семејство еден ден. Но, тоа се случи многу порано отколку што очекував.
Сепак, Џастин не беше среќен заради бременоста. Ми рече дека не сме подготвени за бебе во нашите животи и дека сме премногу млади за тоа.
Знам дека луѓето ќе ме мразат заради ова, но се согласив да го абортирам бебето.
Не знам дали тоа беше вистинската одлука. Но, ако зависеше само од мене никогаш немаше да го направам тоа, а Џастин беше сигурен дека не сака да биде татко“ – раскажува пејачката.